Достапни линкови

НАТО - Русија е повеќе противник отколку партнер


Заменик-генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу изјави дека Алијансата треба да почне да размислува за Русија како за непријател. Вершбоу вчера во Вашингтон рече дека и покрај обидите на Алијансата за градење партнерство со Русија во наредните 20 години , Москва , го прогласила НАТО за непријател. Тој дополни дека НАТО е принуден исто така да почне да ја гледа Русија и како противнички играч. Вершбоу, кој е поранешен американски амбасадор во Русија и во НАТО, рече дека анексијата на Москва врз Крим и вклучувањето во сепаратистичко движење во источна Украина го смениле односот на НАТО и Русија. Тој рече дека Русија се обидува повторно да наметне хегемонија и да го ограничи суверенитет на соседите на Русија, под маската на одбрана на Рускиот свет.
XS
SM
MD
LG