Достапни линкови

ОН бара од Северна Кореја да престане со кршењето на човековите права


Членовите на Советот за човекови права на ОН ја повикаа Северна Кореја да ги уништи политичките логори и да престане со кршењето на човековите права. Ова вчера го побараа дипломати на Советот во Женева по разгледување на извештајот на ОН во кој се наведува дека дека има систематски, широко распространето и брутално прекршување на човековите права. Северна Кореја и нејзиниот сојузник, Кина, ги отфрлија критиките и оценија дека извештајот е направен за да се посрамоти таа земјата. Британски дипломат, Карен Пирс рече дека кршење на човековите права и злосторствата против човештвото продолжиле да се одвиваат без да бидата казнети. Пјонгјанг го отфрли извештајот во кој се проценува дека има од 80.000 до 120.000 политички затвореници во Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG