Достапни линкови

Вратена воената регрутација во Украина


В.д. претседателот на Украина Олександр Турчинов.

В.д. претседателот на Украина Олександр Турчинов.

В.д. претседателот на Украина Олександр Турчинов денеска потпиша наредба за враќање на воената регрутација, во ситуација кога проруските групи продолжуваат со преземање владини згради во источна Украина. Наредбата стапува во сила веднаш. Турчинов соопштува дека потегот е неопходен со оглед на влошената состојба на југот и на истокот на земјата, како и на засилувањето на вооружените проруски единици и заземањето згради, што му се заканува на територијалниот интегритет на Украина. Украинската полиција и безбедносните сили во источна Украина се во деликатна ситуација. Од нив се очекува да ги бранат државните објекти, но се воздржуваат да употребат сила против проруските демонстранти, плашејќи се дека тоа може да предизвика инвазија од руските сили кои во голем број се распоредени по должина на границата меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG