Достапни линкови

Судири со полицијата на Првомајските протести во Турција


Најмалку 138 лица се уапсени, а други 51 се повредени денеска во Истанбул во судирите меѓу полицијата и учесниците на демонстрациите по повод Први мај, објавија француските медиуми. Повредените главно имаат лесни повреди како резултат на употребениот солзавец, соопштуваат организациите за заштита на човековите права. Судири меѓу демонстрантите и полицијата утринава имаше на повеќе места во Истанбул, каде полицајците интервенцираа врз групите кои планираа да дојдат до плоштадот „Таксим“ за таму да го одбележат денешниот Меѓународен ден на трудот, иако властите тоа го забранија.

Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растури демонстрантите и од паркот Куртулуш, во непосредна близина на центарот на Анкара, затоа што немаа одобрение за протестното собирање. Неколку десетици демонстранти со транспаренти и знамиња се собраа во паркот за да го одбележат Први мај, со намера да тргнат на протестна прошетка кон централниот плоштад Казалај, што беше заграден од полицијата. Властите во главниот град забранија секакви масовни собири на плоштадот поради близината со владините згради. Почнат како првомајски, протестот набрзо прерасна во антивладин. Демонстарантите се обидоа да ги пробијат полициските барикади, а силите на редот употребија солзавец и водени топови. Околу 10 учесници на протестот се приведени.

Центарот на Анкара е целосно затворен за движење на автомобили, а во споредните улици што водат кон централните реони на градот, освен многубројни полициски сили од специјалните служби, поставени се и 2,5-метарски метални огради за пешаци.
XS
SM
MD
LG