Достапни линкови

Романија нема да се приклучи кон еврозоната во следните пет години


Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот премиер Виктор Понта.

Романија не е подготвена да се приклучи кон еврозоната во следните пет години, изјави денеска премиерот Виктор Понта.

Тој изрази надеж дека „антикризните мерки што се применуваат во еврозоната ќе дадат резултат до крајот на оваа деценија“.

Според Понта, Владата на Романија треба уште многу да поработи на нивото на инфлацијата, вработеноста на населението и другите економски прашања.

Приклучувањето кон еврозоната во 2012 година беше приоритетна задача за романската Влада. Потоа, меѓутоа, од програмата на Владата беше повлечена точката во која како краен рок за влез во еврозоната се посочуваше 1 јануари 2015 година.
XS
SM
MD
LG