Достапни линкови

Русија против референдум за територијалниот интегритет на Украина


Русија соопшти дека предлогот на украинскиот премиер Арсениј Јацењук да се одржи референдум за унитарноста и територијалниот интегритет на Украина е фарса и оти само ќе ја продлабочи кризата во земјата. Руското Министерство за надворешни работи во денешното соопштение наведува дека плановите се „цинични“ со оглед на тоа што Киев води воена операција „против сопствениот народ“. Јацењук вчера соопшти дека владата до парламентот ќе испрати предлог закон за одржување национален референдум за украинската унитарност и територијален интегритет на 25 мај, кога треба да се одржат и претседателските избори. Руското министерство за надворешни работи вели дека таквите предлози „се одвоени од реалноста“.
XS
SM
MD
LG