Достапни линкови

Путин да помогне за ослободување на набљудувачите на ОБСЕ


Прес-службата на Кремљ денеска соопшти дека германската канцеларка Ангела Меркел побарала од претседателот Владимир Путин да помогне за ослободување на тимот набљудувачи на ОБСЕ кои беа киднапирани во источна Украина. Во телефонскиот разговор, Путин и Меркел ја истакнале важноста од користењето на посредничкиот потенцијал на ОБСЕ ширум Украина до максимум, наведува Кремљ. Проруските сепаратисти, кои ги држат набљудувачите на ОБСЕ од 25 април, велат дека заробениците се „шпиони на НАТО“. Еден од осумтемина заробеници беше ослободен од медицински причини. Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров повика на разговори меѓу Киев и проруските сепаратисти од југоисточна Украина под посредство на ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG