Достапни линкови

logo-print

Се излеа Липковска Река, поплавени 100 хектари земјоделско земјиште


Илустрација: Поплава.

Илустрација: Поплава.

Oколку 100 хектари земјоделска површина се поплавени во Општина Липково кај селото Оризаре, поради излевање на Липковска Река, како последица на постојаните и силни врнежи од дожд, соопшти Подрачното одделение за заштита и спасување Куманово при Дирекцијата за заштита и спасување.

„Екипи на подрачното одделение на ДЗС Куманово се на терен и по согледување на ситуацијата ќе се одлучи какви мерки треба да се преземат за надминување на настанатата ситуација“, стои во соопштението.

Воедно се додава дека сите подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување на територија на Република Македонија се подготвени да помогнат доколку дојде до излевање на водотеците и до поплавување.
XS
SM
MD
LG