Достапни линкови

Фридом Хаус: Македонија „делумно слободна“


Мапа на земјите според слободата на печатот за 2014, според извештајот на Фридом Хаус.
Мапа на земјите според слободата на печатот за 2014, според извештајот на Фридом Хаус.

Лоши работни услови, недостаток на безбедност, ниски примања и притисок од сопствениците и уредниците се најчестите проблеми со кои се соочуваат новинарите во Македонија, се вели во извештаите на Фридом Хаус.

Македонија заедно со Конго и Кенија го дели 122 место на ранг листата за слобода на печат според последниот извештај на Фридом Хаус. Со вкупно 57 поени, оценката за земјава гласи „делумно слободна“. Пред нас на глобалното рангирање се Танзанија, Непал и Брегот на Слоновата коска.
Лоши работни услови, недостаток на безбедност, ниски примања и притисок од сопствениците и уредниците се најчестите проблеми со кои се соочуваат новинарите во Македонија.
Извештај на Фридом Хаус.


Оценката „делумно слободни“ ја делиме и со соседните земји како Косово, Албанија и Грција само што тие се на дваесетина места погоре од нас, односно на 92 и 98-мото. Според рангирањето на земјите од Европа, Македонија е на претпоследното место, односно на 41-вото додека Турција е на последното место. Од 2009-тата година па навака Македонија паднала за 11 места на глобалната ранг листа.
Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски.
Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски.

Претседателот на здружението на новинари Насер Селмани неодамна на една дебата изјави дека не е битно колку демократски устав и закони има една земја, туку колку имаат демократски капацитет институциите да ги штита тие запишани слободи кога власта ќе посегне по нив.
Нам ни беше тешко да се соочиме со вистината дека во Македонија нема ни слобода на изразување, ни слобода на медиуми.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

„Ние за жал сме кобајаги демократија, а во практика имаме многу авторитарен менталитет на владеење, наместо владеење на правото. Не се почитува поделбата на власта. Извршната власт има целосна контрола врз законодавната и судската власт.“

Тој тогаш додаде дека во Македонија нема ниту слобода на медиуми, ниту слобода на изразување.
Насер Селмани.
Насер Селмани.


„Нам ни беше тешко да се соочиме со вистината дека во Македонија нема ни слобода на изразување, ни слобода на медиуми, имам впечаток дека на моменти се однесуваме како мало дете кое кога се соочува со некој ризик затвора очи со надеж дека опасноста само по себе ќе помине.“
Влошување на медиумите состојби годинава се евидентирани во неколку земји од Средниот Исток, вклучувајќи ги и Египет и Либија, означени се неуспеси во Турција и неколку други земји од Источна Африка. Украина и Русија се земји кои што во извештајот се оценети како неслободни.
Извештај на Фридом Хаус.


Лоши работни услови, недостаток на безбедност, ниски примања и притисок од сопствениците и уредниците се најчестите проблеми со кои се соочуваат новинарите во Македонија, се вели во извештаите на Фридом Хаус.

Како честа забелешка во нив се провлекуваат врските на сопствениците на медиумите со политичките и бизнис интересите, како и јавниот сервис кој како што се вели во извештајот „ги поддржува владините позиции“. Во минатогодишниот извештај отворено е наведено дека премиерот Никола Груевски и неговите медиумски сојузници покажуваат зголемено непријателство кон критички настроените медиуми. Во продолжение се додава дека новинарите не уживаат ист пристап до информациите и до владините претставници кои зборуваа исклучиво на таканаречените „пријателски медиуми.“

Според извештајот на Фридом Хаус изминатава година медиумите во светот бележат намалување на слободите. Влошување на медиумите состојби годинава се евидентирани во неколку земји од Средниот Исток, вклучувајќи ги и Египет и Либија, означени се неуспеси во Турција и неколку други земји од Источна Африка. Украина и Русија се земји кои што во извештајот се оценети како неслободни. За Украина намалувањето на оценката се должи на нападите врз новинарите за време на протестите, додека за Русија се насетува се поголема контрола врз интернет просторот и блоговите како и контрола врз странските новински извори.

„Поголемиот дел од медиумите се под државна контрола а слична е и ситуацијата со приватните медиуми исто така. Така што интернетот е речиси единствен простор во Русија за слободно изразување и ние видовме обид за продолжена контрола врз он лајн содржината во изминатава година со предлог законот кој ќе овозможи судски гонење за објавена он лајн содржина“, вели проект директорот на Фридом Хаус Карин Карлекар.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG