Достапни линкови

Истамбул - со водени топови против демонстрантите


Истамбул - архива

Истамбул - архива

Турската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера илјадниците демонстранти кои се обидоа да и пркосат на забраната за демонстрации на плоштад Таксим во Истанбул по повод Први Мај.

Премиерот Реџеп Тајип Ердоган минатата недела предупреди да не се демонстрира на Таксим, но активистите и левичарските синдикати најавија дека ќе ја игнорираат забраната.

Околу 40.000 полицајци, како и десетици водени топови камиони и оклопни возила се распоредени низ Истанбул.
XS
SM
MD
LG