Достапни линкови

logo-print

Прорускиот лидер на Доњецк во посета на Москва


Лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин.

Лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин.

Лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин, изјави дека источниот украински регион нема да учествува во претседателските избори закажани за 25 мај. Тој ова го изјави при неговата денешна посета на Москва каде што веројатно бара помош. Доњецк е еден од десетината градови во источна украина каде што проруските сепаратисти ја презедоа контролата врз владините згради. Пушилин потврди дека „Доњецката Република“ планира на 11 мај да одржи референдум за можно отцепување од Украина. Тој рече дека сепаратистите имаат доволно луѓе и оружје да ги бранат нивните интереси. Пушилин вели дека руски офицери оперираат на истокот на Украина, но не соопшти детали.
XS
SM
MD
LG