Достапни линкови

Германија ги прогласи Македонија, Србија и БиХ за безбедни држави


Германската Влада денеска усвои закон со кој Македонија, Србија и Босна и Херцеговина ги прогласува за безбедни земји. Тоа значи дека барањата за азил на државјаните од трите земји во Германија, во принцип, ќе се сметаат за неосновани, а процедурата за враќање на азилантите во нивната татковина ќе се скрати, пренесува Танјуг. Според податоците на германската Федералната влада, лани од 22 илјади барања за азил поднесени од граѓани на Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, одобрени биле само 60. Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, објавувајќи ја намерата на Владата да го прошири списокот на безбедни земји, изјави дека Србија почнала преговори за членство во Европската унија, а Македонија и Босна и Херцеговина се стремат кон истата цел и треба да се очекува овие земји добро да се однесуваат кон сопствените граѓани. Законот ќе стапи во сила откако ќе биде одобрен од двата дома на германскиот Парламент.
XS
SM
MD
LG