Достапни линкови

Споменик на папата Јован Павле Втори во Сараево


Триметарски споменик на починатиот папа Јован Павле Втори денеска беше откриен пред католичката црква во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево. Поставувањето на статуата е во чест на неговите напори за промовирање на мирот и помирувањето за време и по војната во Босна од 1992 до 1995 година. Муслиманскиот член на босанското претседателство Бакир Изетбеговиќ, пред насобраните на церемонијата изјави дека за време на војната на зборовите на папата се гледало како на пораки за надеж во Босна, а особено во Сараево. Градот за време на војната беше под српска опсада 1425 дена. Папата Јован Павле Втори два пати ја посети Босна и Херцеговина по завршувањето на војната – во 1997 и во 2003 година.
XS
SM
MD
LG