Достапни линкови

ДИК ги соопшти конечните резултати од претседателските избори


ДИК ги соопшти конечните резултати од изборите за претседател. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов на вториот круг од изборите освоил 534.910 гласови, а кандидатот на СДСМ 398.077. На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи, односно 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список. ДИК в петок ќе му издаде решение на Иванов за нов мандат. Комисијата не пригати ниту еден од 12 приговори за парламентарните избори поднесени од ДУИ, ДПА и од ГРОМ.
XS
SM
MD
LG