Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува оценките на ОБСЕ/ОДИХР за изборите


ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува извештаите и оценките на ОБСЕ/ОДИХР кои се однесуваат на спроведувањето на изборниот процес во државата како и изјавите на САД и ЕУ кои се однесуваат на истата тематика. Истовремено, како што се наведува во партиското соопштение, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги нотира и адресира сите видувања на ОБСЕ/ОДИХР како што тоа го правеше досега во сите претходни изборни циклуси, вклучително и изборите во 2013-та година, а кои се во насока на понатамошно унапредување на стандардите и критериумите на изборниот процес. ВМРО-ДПМНЕ изразува благодарност до релевантните претставници на меѓународната заедница за конструктивниот однос и придонес во спроведувањето на мирни, фер и демократски избори. Како што се наведува натаму во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ активно ќе продолжи со реформскиот процес, со реализација на ветените мерки и проекти, како и исполнувањето на европскиот и евроатланскиот интегративен процес.
XS
SM
MD
LG