Достапни линкови

logo-print

Иран сака да купи 400 нови патнички авиони до 2025


Илустрација.

Илустрација.

Високи функционери во иранското цивилно воздухопловство соопштија дека Иран сака да купи 400 нови патнички авиони до 2025 година и да ја обнови застарената државна флота ако се укинат санкциите против земјата поради спорната нуклеарна програма. Шефот на иранската Организација за цивилно воздухопловство Али Реза Џахангириан денеска во Техеран изјави дека 40 отсто од комерцијалните авиони во земјата се приземјени зашто нема резервни делови. Тој не кажа ништо за цените и за начинот на плаќање на идните набавки на авиони, но рече оти Иран добил „многу позитивни сигнали“ од Боинг и од Џенерал Електрикс за набавка на резервни делови. И двете компании соопштија дека американското Министерство за финансии им дало лиценци за извоз во Иран. Според привремениот нуклеарен договор постигнат во ноември, Иран сега може да увезе некои авионски делови.
XS
SM
MD
LG