Достапни линкови

Путин ја планира неговата прва посета на Крим


Руските медиуми јавуваат дека претседателот Владимир Путин ја планира неговата прва посета на Крим, откако Москва минатиот месец го анектираше полуостровот од Украина. Рускиот весник Комерсант и интернет порталот газета.ру, повикувајќи се на неименувани извори во руската влада, објавија дека Путин планира да присуствува на воената парада по повод 9 Мај во седиштето на Руската црноморска флота во Севастопол. Според тие наводи, Путин ќе замине на Крим, откако ќе ја проследи главната руска воена парада на Црвениот Плоштад во Москва за одбележување на 69-годишнината од победата против нацистите во Втората светска војна. Медиумите јавуваат дека заедно со Путин на Крим ќе патува и премиерот Дмитри Медведев.
XS
SM
MD
LG