Достапни линкови

Груевски: Одлуката на СДСМ штетна за државата


Одлуката на СДСМ да ги врати пратеничките мандати добиени на изборите е штетна за државата и за партијата што ја носи, рече премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција во Владата во одговор на новинарско прашање за коментар за политичката ситуација по најавеното враќање на мандатите од страна на СДСМ.

„Партијата се уште има време да ја преиспита одлуката до формирањето на Парламентот“, нагласи Груевски.

Тој одби да одговори на заканите кои ги упати лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за косовскиот весник „Нова ера“, дека нема да прифати формирање на Влада со учество на ДПА, и дека тоа би допринело за дестабилизација во земјава.

„За прашања од ваков тип ќе ви одговориме кога за тоа ќе дојде време“, изјави Груевски на прашањето како ги коментира заканите на Ахмети.

Лидерот на ДУИ, инаку, претходно изјави дека доколку неговата партија не биде дел од идната Влада ќе има нестабилност во Македонија. Во однос на информациите дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, веќе преговара за учество во Владата, Ахмети предупреди дека „таква Влада не може да помине“.
XS
SM
MD
LG