Достапни линкови

logo-print

Филе - Да ги решевте проблемите на време немаше да дојде до ова


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Оценката на ОБСЕ/ОДИХР е многу слична со оценката за претходните избори. За жал, властите и другите чинители не посветија доволно внимание за сега да ги избегнат последиците од нерешавањето на тие прашања, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел, одговарајќи на новинарско прашање да ја коментира постизборната ситуација во Македонија. Тој рече дека постизборната ситуација во Македонија за жал е комплицирана и изрази надеж дека „за доброто на приближувањето на државата кон ЕУ ќе биде обезбеден инклузивен процес да се решат овие прашања за наредниот пат да не се соочиме повторно со истото“.
XS
SM
MD
LG