Достапни линкови

Извршниот одбор на СДСМ препорача враќање на пратеничките мандати


Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница одлучил да му препорача на Централниот одбор на партијата да ги врати освоените мандати и да не поднесува приговори до Државната изборна комисија (ДИК). Портпаролот на партијата Петре Шилегов за МИА изјави дека приговори не поднеле бидејќи во предизборниот период и за време на кампањата поднеле преку 170 претставки за различни повреди до надлежните државни институции кои воопшто не ги разгледувале или веднаш ги отфрлиле. Седницата на Централниот одбор на опозициската партија треба да се одржи вечерва после 18 часот, кога и дефинитивно ќе се знае дали ќе се прифатат пратеничките мандати.
XS
SM
MD
LG