Достапни линкови

Во Грција 15 партии се пријавиле за евро-изборите


Петнаесет партии во Грција поднесле документи во Врховниот суд за учество во изборите за Европарламентот на 25 мај, пишува весникот „Етнос“. Меѓу нив е и крајнодесничарската партија Златна зора, а изјавата била потпишана од нејзиниот лидер Никос Михалолиакос, кој во моментот е зад решетки по обвинение за припадност на криминална организација. Се очекува на 11 мај Врховниот суд да објави на кои грчки партии ќе им биде дозволено учество на европските избори. Последните анкети покажуваат дека двете партии со највисок рејтинг - конзервативната Нова демократија и радикалната левица СИРИЗА, се со еднакви шанси за победа на изборите.
XS
SM
MD
LG