Достапни линкови

Авганистанската армија убила најмалку 60 милитанти


Авганистанските сили, поддржани од Западна авијација, убиле најмалку 60 милитанти за време на битката во југоисточен Авганистан, во близина на границата со Пакистан, соопшти авганистанската разузнавачка агенција. Националниот директорат за безбедност соопшти дека борбите почнале кога околу 300 милитанти од мрежата Хакани и други странски борци се обиделе да ги нападнат позициите на авганистанските трупи во областа Зирук во провинцијата Пактика. Претставници на министерството за одбрана соопштија дека најмалку петмина авганистански војници загинале во судирите, еден бил заробен, а 6-мина ранети.
Пактика дели долга и порозна граница со делови од племенските области на Пакистан, каде што владее беззаконие.
Странски борци и мрежата Хакани, сојузници на авганистанските Талибанци, се активни на двете страни од границата.
XS
SM
MD
LG