Достапни линкови

logo-print

Нови насилства на изборите во Ирак, има и жртви


Две жени загинаа во експлозија на бомба во близина на гласачко место во северен Ирак, а претходно две минофрлачки гранати паднаа во близина на избирачки места западно од Багдад, непосредно по почетокот на гласањето за нов парламент на Ирак. Смртоносниот бомбашки напад се случил во градот Дибс, во близина на Киркук.
Исто така, милитанти зазеле друго гласачко место во северен Ирак, па откако биле евакуирани членовите на избирачкиот одбор и гласачите, поставиле експлозив и ја урнале зградата.
Насилствата се случуваат и покрај силните безбедносни мерки, откако кампањата беше нарушувана од терористички бомбашки напади, како и од судири меѓу владините трупи и бунтовниците во Рамади и Фалуџа во западната провинција Анбар.
Ирачката изборна комисија соопшти дека може да обезбеди гласање во само 70 проценти од територијата на Анбар. Премиерот Нури ал-Малики, кој претендира за трет 4-годишен мандат, изјави дека победата е извесна. Избирачките места беа отворени во 7 часот по локално време, а гласањето ќе трае до 18 часот. Повеќе од 9 илјади кандидати од 277 политички блокови се натпреваруваат за 328 места во парламентот.
Повеќе од 20 милиони Ирачани имаат право на глас на првите парламентарни избори по повлекувањето на американските сили во 2011 година.
XS
SM
MD
LG