Достапни линкови

Вардарки атакуваат на титулата во ЛШ


Macedonia - Women's handball club Vardar Skopje - N / A

Macedonia - Women's handball club Vardar Skopje - N / A

Се подготвивме максимално, не потценуваме, одиме таму да дадеме максимум и да направиме што е можно подобар резултат, вели тренерот на Вардар Индира Кастратовиќ.

Македонскиот женски ракометен првак Вардар претстојниот викенд во Будимпешта ќе ги одигра двата најзначајни натпревари во клупската историја.
Не би биле спортисти доколку не се надеваме. Дојдовме до фајнал-фор направивме голем историски успех за Вардар, а сега имавме доволно време за анализа и за подготовка за натпреварите кои не очекуваат во Будимпешта.


Вардарки в сабота против црногорскиот Будуќност ќе се борат за влез во финалето од Лигата на шампионките, а наредниот ден ќе бидат дел од битката за европската титула или за третото место на турнирот на кој ќе учествуваат и бранителот на трофејот унгарскиот Ѓер и данскиот Митјиланд. Прес-конференција на женскиот ракометен клуб Вардар.

Прес-конференција на женскиот ракометен клуб Вардар.



Општо е мислењето дека како за дебитант во најквалитетното клупско натпреварување, за црвено-црните самиот пласман во полуфиналето е огромен успех, Но, тоа не значи дека немаат сили и за поголем подвиг. Напротив, осоколени од извонредната сезона, тие најавуваат атак и на титулата, а тренерот Индира Кастратовиќ вели:
Ова е фантастична екипа. Не, нема што. Со искуството на Индира и на Гордана, верувам дека ќе победат и дека ќе бидат шампиони.


„Нормално е, не би биле спортисти доколку не се надеваме. Дојдовме до фајнал-фор направивме голем историски успех за Вардар, а сега имавме доволно време за анализа и за подготовка за натпреварите кои не очекуваат во Будимпешта. Се подготвивме максимално, не потценуваме, ама одиме таму да дадеме максимум и да направиме што е можно подобар резултат“.

Кастратовиќ пред 11 години го освои шампионскиот трофеј со Кометал Ѓорче Петров, со кого уште два пати играше во мечот за титулата европски првак. Од тоа искуство знае дека ваквите средби ги решаваат нијанси, па затоа во моментов не сака да размислува за противникот во евентуалното финале и целото внимание и е насочено кон дуелот со европскиот првак од пред две години, Будуќност. Индира е свесна дека за многумина, Вардар со Лекиќ, Пино, Суслина, Радичевиќ, Хмирова, Дембеле и другите ракометарки е фаворит во оваа пресметка. Но, таа не сака да се става во таква улога и смета дека поблиску до финалето ќе биде тимот што ќе одигра подобра одбрана.

„Сите велат на хартија дека моите ракометарки се поквалитетни. Но, јас не би потценувала никого. Се знае кој е Будуќност и колку веќе игра во Лига на шампиони. Така што, не би не фаворизирала нити нас, ниту нив. Се знаеме многу добро, играме иста школа и мислам дека нијанси ќе решават за победникот. Јас секогаш кажувам дека за мене одбраната е клучна во секој меч. И мислам дека ако одработиме онака како што се договараме, дека одбраната е таа која ќе ни донесе добар резултат“, додаде Кастратовиќ.

Позитивен резултат, па и триумф во Лигата на шампионите, очекуваат и љубителите на спортот.

„Јас се надевам дека ќе биде се најдобро и финале да играме, па таму ќе видиме. Будуќност ако го поминеме, мислам дека и први ќе бидеме.“

„Кастратовиќ е извонреден спортист, мислам доста успеси досега имала и се надевам дека и сега ќе има успеси.“

„Ова е фантастична екипа. Не, нема што. Со искуството на Индира и на Гордана, верувам дека ќе победат и дека ќе бидат шампиони“, изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG