Достапни линкови

logo-print

ММФ ќе разговара за заемот на Украина


Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на денешниот состанок треба да ја разгледува можноста Украина да добие 17 милијарди долари помош. Денешната средба беше најавена пред една недела од страна на портпаролот на ММФ, Гери Рајс.

Кредиторите минатиот месец се согласија Киев да добие пакет од 14 до 18 милјарди долари помош во текот на две години како поддршка за економијата.

Износот е дел од еден поголем пакет за помош вреден 27 милијарди долари, со кои треба да и се помогне на новата украинската влада да ги спаси финансиите во земјата.

Помошта вклучува придонеси од САД, Западна Европа, како и други донатори.
XS
SM
MD
LG