Достапни линкови

ОН - да се ослободат набљудувачите на ОБСЕ во Украина


Потсекретарот на ОН за политички прашања Џефри Фелтман побара „веднаш, безусловно, и неповредени“, да се ослободат седумте членови на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се држат во градот Словјанск.

Тој рече дека ОН ги повика „сите оние со влијание врз ситуацијата да им помогнат на итно решавање на случајот."

Тој говореше на дебата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Украина.

Про-руските сепаратисти во источна Украина, кои ја држат групата на набљудувачи на ОБСЕ изјавија дека заробениците се „шпиони во НАТО“.

Првин беа заробени осум набљудувачи, но еден беше ослободен поради здравствени причини.
XS
SM
MD
LG