Достапни линкови

logo-print

Парламентарни избори во Ирак


Во Ирак денеска се одржуваат парламентарни избори. На изборите за 328 пратенички места има повеќе од девет илјади кандидати од 277 политички блока. Повеќе од 20 милиони Ирачани имаат право на глас на првите парламентарни избори по повлекувањето на американските сили во 2011 година.

Се очекува алијансата „Правна држава“ на премиерот Нури ал-Малики да освои најмногу пратенички места, а Малики по трет пат да добие мандат да формира влада.

Во пресрет на изборите државата е погодена од бран насилства, најсилен во последните неколку години. Постојано има терористички бомбашки напади, а делови од западната провинција Анбар се под контрола на бунтовниците.

Ирачката изборна комисија соопшти дека изборите може да се одржат само на 70 отсто од територијата на провинцијата Анбар, каде што повеќе од 420 илјади луѓе се раселени поради насилствата.
XS
SM
MD
LG