Достапни линкови

Кери - настаните во Украина „повик за будење" на НАТО


Кери и Сергеј лавров.

Кери и Сергеј лавров.

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека настаните во Украина се „повик за будење" на НАТО сојузниците.

Кери изјави дека Русија преку окупацијата на Крим и после дестабилизација на источна Украина, се обидува да го „промени безбедносниот пејзаж на Европа."

Тој рече дека НАТО мора јасно да му стави до знаење на Кремљ дека територијата на НАТО е неповредлива и дека сојузниците ќе ја бранат секоја педа од неа.

САД и европските сојузници работеа напорно за да постават нов курс по ерата на Студената војна, рече Кери.

Тој вели дека дејствата на Русија во Украина покажуваат дека претседателот Владимир Путин се игра со различни правила.
XS
SM
MD
LG