Достапни линкови

ДУИ, ГРОМ и ДПА со приговори до ДИК


Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија.

Политичките партии ДУИ, ГРОМ и ДПА доставија вкупно 12 приговори до Државната изборна комисија за постапката на гласање на двојните претседателски и парламентарни избори што се одржаа во неделата.

ДУИ поднела два приговора, ГРОМ – четири, а ДПА – шест. Државната изборна комисија ќе одлучува по нив во текот на денешниот ден.

Рокот за поднесување на приговори по овој основ истече вчера во 19 часот. До полноќ пак партиите можеа да доставуваат приговори, но само за пребројувањето на гласовите.
XS
SM
MD
LG