Достапни линкови

Седум жртви во експлозии во складиште за муниција во Сибир


Архивска фотографија, експлозија во депо за оружје во Русија, 2011.

Архивска фотографија, експлозија во депо за оружје во Русија, 2011.

Најмалку седум лица загинаа, а четири се водат за исчезнати по експлозии во складиште за муниција во источен Сибир, соопштија тамошните локалните власти. При експлозиите во депо за муниција на Министерството за одбрана во Забаикалски Крај се повредени 17 луѓе. Експлозиите биле предизвикани од шумски пожар кој се проширил кон објектот поради силните ветрови.

Експлозиите ја принудиле Транс-сибирската железница привремено да ги суспендира услугите.

Руските медиуми јавуваат дека по првата експлозија, следните три часа следеле други на секој 2-3 минути. Официјални лица соопштија дека експлозиите сега стивнале,а пожарот е ставен под контрола.
Локалните жителите биле евакуирани.
XS
SM
MD
LG