Достапни линкови

logo-print

Реал финалист, катастрофа на Баерн


Фудбалерите на Реал од Мадрид се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, откако во реваншот го победија Баерн во Минхен, убедливо со 4:0. Головите за „кралскиот“ клуб ги постигнаа Серхио Рамос во 16 и 20 минута и Кристијано Роналдо во 34 и во 90 минута. Португалецот го постигна 16-от гол во оваа сезона, со што го собори досегашниот рекорд.

Првиот натпревар во Мадрид исто така го доби Реал со 1:0.

Вториот финалист ќе биде познат по утрешниот реванш меч меѓу Челзи и Атлетико од Мадрид. Во првиот натпревар резултатот беше 0:0.
XS
SM
MD
LG