Достапни линкови

Новите санкции од САД и ЕУ за Москва се неразумни


Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин.

Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин.

Новите американски санкции против Москва може да влијаат и на американските космонаути на Меѓународната вселенска станица, изјави денеска рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин.

„Ако нивна цел е да му зададат удар на рускиот ракетен сектор, тогаш тие автоматски ги изложуваат и нивните космонаути на Меѓународната вселенска станица“, рече Рогозин, кој денеска е во Крим.

Станицата со трајно екипирана истражна лабораторија лета на 420 километри над земјата. На станицата сега има шестмина космонаути, тројца Руси, двајца Американци и еден Јапонец.

Во меѓувреме и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги осуди новите санкции од САД и ЕУ против Русија поради кризата во Украина и рече дека санкциите не се здраворазумски. Зборувајќи при денешната посета на Куба, Лавров рече дека санкциите се резултат на слабите политики на западот.
XS
SM
MD
LG