Достапни линкови

Ќе се испитува употребата на хлор во сирискиот конфликт


Илустрација.

Илустрација.

Организацијата за забрана на хемиското оружје, која е агенција на ОН, најави дека наскоро ќе испрати мисија за утврдување на фактите во Сирија, кои треба да ги истражат наводите дека во сирискиот конфликт бил употребен отровниот гас хлор. Сириската влада и бунтовниците меѓусебно се обвинуваат за користењето на отровниот гас во борбите во провинцијата Хама овој месец. Организацијата за забрана на хемиското оружје информира дека сириската влада се согласија на мисијата и оти ќе обезбеди сигурност во областите под нејзина контрола.
XS
SM
MD
LG