Достапни линкови

logo-print

Најмалку 50 загинати во одделни напади во Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 37 луѓе загинаа, а 80 се повредени во денешната експлозија на најмалку еден автомобил-бомба во градот Хомс во централна Сирија. Нападот се случил во дел што е под контрола на владините сили, информира Сириската опсерваторија за човекови права од Лондон. Владините сили и бунтовниците со месеци се борат за контролата над Хомс.

Претходно, во експлозија на гранати во центарот на Дамаск загинаа 14 луѓе, а повеќемина беа ранети. Државната новинска агенција САНА информира дека во доминантно шиитската населба во главниот град паднале најмалку четири гранати. Претседателот Башар ал-Асад вчера и официјално ја поднесе кандидатурата за претседателските избори што се закажани за 3 јуни и на кои се очекува да победи.
XS
SM
MD
LG