Достапни линкови

САД и ЕУ ја споделуваат оценката на ОБСЕ/ОДИХР за изборите


Делегацијата на ЕУ и американската амбасада во Македонија, во заедничка изјава, соопштија дека ја споделуваат оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори.

„Забелешките што тие ги изразија, слични на оние од 2011 и 2013 година, а кои се однесуваат на пристрасно покривање од страна на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности, што не овозможува рамноправен терен за натпревар, треба да бидат адресирани. Во тие напори мора да се вклучат партиите што ќе ја формираат новата влада и да се ангажираат со опозицијата во конструктивен дух. Тие мора да се осврнат не само на техничкиот аспект на организирање на избори, туку мора да ги адресираат и сите неправилности и диспропорционалности во поширокиот изборен систем, бидејќи со нив се ризикува да се поткопа довербата во демократскиот процес“, се наведува во заедничката изјава.

Тие ги повикуваат сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евро-атлантската интеграција и наведуваат дека ЕУ и САД остануваат партнери на земјата во тие напори.
XS
SM
MD
LG