Достапни линкови

logo-print

Проруски демонстранти упаднаа во владина зграда во Луханск


Околу 3000 проруски демонстранти протестираа пред регионалната административна зграда во градот Луханск во источна Украина, а некои од демонстрантите упаднале во зградата. Дописниците јавуваат дека најмалку 20 млади луѓе со метални прачки ги кршеле прозорците за да влезат во зградата, каде што е и кабинетот на локалниот гувернер. Зградата немала полициска заштита. Проруските милитанти во Луханск, град со околу 465 илјади жители во близина на границата со Русија, пред три недели ја презедоа контролата врз зградата на Службата за државна безбедност. Денешните протести почнаа токму пред таа зграда.
XS
SM
MD
LG