Достапни линкови

Рохани - Критичарите да не се кријат зад мантрата „иранскиот народ“


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани, во денешното телевизиско обраќање, ги нападна закоравените конзервативни структури во неговата земја кои се критични кон неговиот стил на владеење и неговиот обид за приближување кон западот. Рохани се соочи со силни реакции поради поскапувањето на бензинот, сметките за комуналии и основните прехранбени производи. Тој постојано е под напад од иранските ултраконзервативци. Рохани не именуваше никого конкретно, но рече дека критичарите треба да ги откријат своите политички идентитети „и да зборуваат во име на сопствената фракција“, наместо да се кријат зад мантрата „иранскиот народ“. Конзервативците се противат на напорите на Рохани за компромис за иранската нуклеарна програма, за која западните земји се сомневаат дека има за цел тајно да работи на производство на атомско оружје.
XS
SM
MD
LG