Достапни линкови

Укинат бесплатниот бензин во Туркменистан


Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, денеска нареди укинување на месечните купони за бесплатен бензин од 1 јули годинава. Од 2008 година, сите сопственици на приватен автомобил во Туркменистан добиваа бесплатно по 120 литри бензин месечно. Во одлуката на Бердимухамедов се наведува дека укинувањето на бесплатниот бензин има за цел да „помогне за раст на националната економија, да се постигне ефикасно користење на нафтените деривати и да се овозможи нивно уредно конвертирање во пари на домашниот пазар“. Околу 5,5-те милиони жители на Туркменистан бесплатно користат природен гас, вода и струја.
XS
SM
MD
LG