Достапни линкови

logo-print

Зошто Србија треба да го признае Косово


Даниел Сервер, експерт за Балканот.

Даниел Сервер, експерт за Балканот.

Даниел Сервер, експерт за Балканот, низ прашања и одговори, објаснува зошто би било добро новата српска влада да го признае Косово. Меѓу другото и поради вкупниот развој на регионот.

Откако е потврдено наименувањето на Александар Вучиќ за нов премиер на Србија, се поставува прашањето што ќе направи новата влада во врска со Косово. Данел Сервер, експерт за Балканот и професор по меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс, низ прашања и одговори, му дава совет на српскиот премиер Вучиќ.

Зошто новата српска влада да го признае Косово?

Белград многу пати досега истакнува дека нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово. Но, никој не признава независност што ја прогласуваат оние што сакаат, а во овој случај и не е еднострана, туку во соработка со САД и ЕУ. Велика Британија никогаш не ја призна независноста на САД, што е битен политички, но не и правен потег.

Белград, во спогодбата со Приштина од минатата година, веќе го прифати легитимитетот на уставниот и правниот поредок на целата територија на Косово. По ова, признавањето на територијалниот интегритет и на легитимните власти на Косово, нема да претставува голем исчекор. Косово сега ги формира своите оружени сили и тоа со Србија како главна потенцијална закана, бидејки Белград не го признава суверенитетот на Косово. Во спротивно, Приштина би можела да го намали капацитетот на своите воени обврски и да ги пренасочи кон учество во меѓународни мировни мисии. Тоа би и овозможило и на Србија да го стори истото. Ако се движат работите во тој правец, и Косово и Србија би можеле да станат членки на НАТО.
Како признавањето на независноста на Косово ќе му помогне на регионот во процесот на евро-интеграции?


Голема предност од признавањето на независноста, по што би следувало и воспоставување на дипломатски односи и утврдување на границата, би било тоа што ќе се затвори едно од преостанатите прашања на војна и мир на Балканот, што за Србија ќе биде отстранување на уште една голема пречка за нејзино зачленување во ЕУ. 23 членки на ЕУ, кои го признаа Косово, нема да ја прифатат Србија во ЕУ ако нема дипломатски односи со Косово. Доволна е само една членка со таков став, па и останатите да го прифатат.

Како тоа ќе му помогне на економскиот развој на регионот?

Косово, дури и покрај моменталните неповолни економски услови во Европа, и натаму има релативно динамична економија, главно поради младата популација. Србија рапидно старее, а бројот на жители и опаѓа. Србија би имала голема корист од трговијата со Косово и низ Косово, бидејки последните години повеќе беше насочена кон Македонија и Албанија, што беше на нејзина штета.

Србија е централна држава на Балканот и судбоносна за регионот, но не може да стои на патот на напредокот на Косово без да ја наруши и сопствената иднина во ЕУ. Ако ова прашање остане отворено и во наредните 4 годни, тоа ќе значи послаб раст, помалку работни места, помали инвестиции, намалување на пензиите во Србија. Признавањето на Косово и воспоставувањето дипломатски односи е горка пилула за српските политичари, но е неопходна за да се излекуваат болестите во регионот. Што поскоро, тоа подобро, наведува Даниел Сервер, експерт за Балканот.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG