Достапни линкови

ЕУ и Украина на средба со Русија за гасот


Еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер вели дека Европската комисија и Украина побарале да се сретнат со руски претставници во Варшава на 2 мај да разговараат за снабдувањето со природен гас. Украинскиот министер за енергија и рудници за јаглен, Јуриј Продан, вчера се сретна со Отингер во Братислава за време на потишувањето на договорот меѓу Еурострим и Укртрансгаз за снадбување на Украина со гас од Словачка. Според тој договор, природниот гас што Словачка го купува од Русија по пониски цени од Украина, ќе му биде препродаден на Киев од страна на Словачка откако ќе помине низ гасоводот што е на украинска територија. Претставниците на Брисел и на Киев, како што се соопштува, во Варшава планираат да разговараат за правните аспекти на снабдувањето на резервите, што не е предвидено во актуелниот договор со Газпром. Рускиот парламентарен претставник во ЕУ, Владимир Чизов, вели дека Москва планира „детални преговори за целата ситуација во енергетската сфера“.
XS
SM
MD
LG