Достапни линкови

logo-print

Газпром - нови санкции ќе му наштетат на бизнисот


Државната руска компанија Газпром денеска соопшти дека секое проширување на западните санкции поради Украина би можело да има сериозни последици врз бизнисот.

Компанијата, исто така, наведе дека несогласувањата околу цените на гасот со Киев потенцијално може да го нарушат извозот на гас за Европа преку цевководите низ Украина.

Газпром и нејзините менаџери не се цел на санкциите на САД и ЕУ. Газпром покрива околу 30 насто од побарувачката на гас во Европа.
XS
SM
MD
LG