Достапни линкови

ЕУ - 15 нови лица за санкции поради кризата во Украина


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Европската унија го објави имињата на 15 лица кои се цел на новите санкции, поради нивната улоги во украинската криза.

Во денеска објавената листа се наведуваат шефот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов, генерал-полковник Игор Сергин, идентификуван како шеф на руската воена разузнавачка агенција - ГРУ.

Потоа следат рускиот заменик-премиер Дмитриј Козак и про-руските сепаратистички лидери на Крим и на источните украински градови на Луганск и Донецк.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон во меѓувреме изјави дека е вознемирена од влошената безбедносна ситуација во источна Украина.
XS
SM
MD
LG