Достапни линкови

Обама во посета на американските војници на Филипини


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе се сретне со американските и филипинските трупи, со што го почнува вториот ден од посетата на Филипини. Ова е последна етапа од неговата азиска турнеја низ 4 држави, чија цел е да ја потврди поддршката на Вашингтон за своите регионални сојузници.
За време на првиот ден од посетата, САД и Филипини потпишаа нова одбранбена спогодба. Договорот, кој ќе биде во сила најмалку 10 години, овозможува зголемен пристап на американските воени сили до базите на Филипини. Обама изјави дека договорот на ниеден начин не е насочен против Кина.
За време на неговата азиска турнеја, американскиот претседател уште ги посети Јапонија, Јужна Кореја и Малезија, при што неколку пати предупреди дека малите нации не треба да бидат „малтретирани“ од страна на посилните, јасно алудирајќи на Кина.
XS
SM
MD
LG