Достапни линкови

Кери: Израел не е апартхејд држава, употребив погрешен збор


Американскиот Државен секретар Џон Кери изјави дека избрал погрешен збор кога рекол дека Израел би можел да стане апартхејд држава ако не постигне мировен договор со Палестинците. Во изјавата објавена вчера од Стејт Департментот, тој вели дека „ако може да ја врати лентата, ќе избере поинаков збор“. Јас не верувам, ниту пак некогаш сум изјавил, јавно или приватно, дека Израел е апартхејд држава или пак има намера да стане тоа, истакна Кери.
Ова соопштение доаѓа откако членови на Републиканската партија во Конгресот и про-израелски групи вчера соопштија дека Кери треба да се извини за употребата на зборот „апартхејд“ во обраќањето до меѓународни претставници на состанок зад затворена врата на Трилатералната комисија, одржан на 25 април.
XS
SM
MD
LG