Достапни линкови

За Први мај во Истанбул ангажирани 40 илјади полицајци


Турската Главна дирекција за безбедност одредила 40.000 полицајци кои на Први мај ќе се грижат за редот во Истанбул, соопшти весникот „Хуриет дејли њуз“, потсетувајќи дека се преземени засилени мреки за да не се дозволат митинзи на плоштадот Таксим. Полицајците ќе бидат префрлени во Истанбул од седум окрузи. Дел од полицајците ќе носат камери, закачени на нивните шлемови, за да ги регистрираат евентуалните инциденти, а нивните снимки може веднаш да бидат испратени во полициските станици. Припадниците на редот ќе користат обоени гумени куршуми со цел провокаторите лесно да се идентификуваат при евентуалните апсења.
Работниците веќе нема да имаат ден за одмор за Први мај. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган неодамна изјави дека нема да дозволи собирања на плоштадот Таксим по повод Меѓународниот ден на трудот- 1 мај, додека синдикатите соопшштија дека ќе се обидат да организираат настан на плоштадот кој се претвори во симбол на антивладините протести од јуни минатата година.
XS
SM
MD
LG