Достапни линкови

Самоубиствен напад во Ирак, 30 загинати


Најмалку 30 лица загинаа, а 50 се ранети во напад на бомбаш самоубиец за време на политички собир на Курди во источен Ирак. Нападот се случил вчера во градот Ханакин, на околу 140 километри североисточно од Багдад. Жртвите биле дел од еден собир во градот во кој мнозинството од населението се Курди, каде што го прославувале појавувањето на телевизија на ирачкиот претседател Џалал Талабани, инаку Курд, кој има здравствени проблеми и не е активен од втората половина на 2012 година.
Ирак се соочува со растечко насилство во пресрет на изборите закажани за утре, кои ќе бидат прво национално гласање по повлекувањето на американските борбени сили во 2011 година.
XS
SM
MD
LG