Достапни линкови

Во Азербејџан приведена активистка за човекови права


Лејла Јунус

Лејла Јунус

Властите во Азербејџан ја привеле најпознатата активистка за човекови права во земјата Лејла Јунус и нејзиниот сопруг Ариф Јунус на аеродоромот во Баку, кога се подготувале да патуваат за Доха. Јунус изјави за Радио Слободна Европа дека аеродромското обезбедување им рекло дека не може да ја напуштат земјата. Таа истакна дека нејзиниот адвокат Халид Бакиров дошол на аеродромот, но не му било дозволено да се сретне со неа.
Бакиров за Радио Слободна Европа изјави дека Јунус е најверојатно задржана поради неодамнешното апсење на новинарот Рауф Миркадиров, кој беше екстрадиран од Турција и уапсен при пристигнувањето во Баку под обвинение за шпионажа за Ерменија.
Јунус, основач и директор на невладиниот Институт за мир и демократија од Баку, има со години активна соработка со колеги од Ерменија.
XS
SM
MD
LG