Достапни линкови

Нови санкции од западот против Русија


САД воведоа санкции против Игор Сечин, близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин, како и против шестмина други високи функционери и 17 руски компании, како одговор на, како што велат, неспорната улога на Москва во неодамнешните насилства во Украина. Сечин, кој е претседавач на државната нафтена компанија Роснефт, се смета за еден од најмоќните луѓе во земјата по Путин. Ова е трет бран санкции против Русија. Меѓу оние кои се опфатени со санкциите е и пратеникот Алексеј Пушков, кој е остар критичар на САД.

Меѓу компаниите што се под санкции не е државната руска гасна компанија Газпром, која и е најголема компанија за гас во светот, иако неколкумина американски пратеници неодамна побараа од администрацијата на претседателот Барак Обама да воведе санкции и кон оваа фирма.

Во меѓувреме, дипломатски извори соопштуваат дека и владите во ЕУ постигнале првичен договор да додадат уште 15 лица на списокот граѓани кои се погодени од санкциите поради руските постапки во Украина. На овие луѓе нема да им се издаваат визи и ќе им се замрзнат средствата во ЕУ. Со ова листата на лица погодени од санкциите има 48 имиња.
XS
SM
MD
LG