Достапни линкови

МОСТ: Гласањето ефикасно и без инциденти


Гласањето на вчерашните предвремени парламентарни избори и на вториот круг од претседателските избори беше спроведено ефикасно и без инциденти, наведува Граѓанската асоцијација МОСТ во прелиминарната оценка за вчерашните избори, формирана врз основа на извештаите и информациите добиени од своите набљудувачи и од 29-те регионални координатори ангажирани за изборниот процес. Според МОСТ, на дел од гласачките места избирачките одбори не ги информирале правилно гласачите за процедурата на гласање, односно за тоа дека може да изберат за кој изборен процес сакаат да гласаат, туку веднаш им издавале гласачки ливчиња за двата вида избори. Забележува и за случаи на групно и семејно гласање.

„Изборниот ден помина мирно, но со зголемен интензитет на мобилизација на гласачите. Ова беше евидентно и од фактот што пред одредени гласачки места забележано беше агитирање и евидентирање на гласачите“, наведува МОСТ во прелиминарната изјава.
XS
SM
MD
LG