Достапни линкови

logo-print

Асад официјално се кандидира на претседателските избори


Сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад официјално поднесе кандидатура за претседателските избори што треба да се одржат на 3 јуни. Изборите се закажани и покрај граѓанската војна што беснее во земјата. Се проценува дека во тригодишниот конфликт во земјата загинале повеќе од 150 илјади луѓе. Големи делови од сириската територија сега не се под владина контрола. Се очекува Асад, чиј мандат истекува на 11 јули, да победи на изборите. Досега, шестмина други кандидати, од кои поголемиот дел непознати, најавија дека ќе се кандидираат. Асад стана претседател на Сирија во 2000 година по смртта на неговиот татко Хафез.
XS
SM
MD
LG